
Сончево и топло време не очекува денес во претпладневните часови, а попладне ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и планинските предели.
УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8 .
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели особено во југозападните делови од земјата.
Слично време ќе се задржи и од почетокот на работната недела.