
Од стан во скопската населба Капиштец украдени се 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски, 100 канадски долари и златен накит.
Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршил засега непознат сторител во периодот меѓу 26 јули и 9 август годинава, стекнувајќи противправна имотна корист од 470.000 денари.
Станот во населбата Капиштец се наоѓа на улицата Народен Фронт, и е сопственост на А.И.(41).
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.