
Една недела по поплавите во тетовско и Тетово, и по интензивната потрага претпладнево е пронајдено телото на шест годишното девојче Рина од Шипковица кое исчезна во невремето, дознава порталот „Курир“.

Според информациите на „Курир“, телото на малото девојче го пронашле полициски екипи во подрум од куќа во близина на нејзиниот дом.
Од СВР Тетово потврдиле дека е пронајдено телото на девојчето од Шипковица, а во тек е увид, во присуство на јавен обвинител и лекар од судска медицина, по што ќе бидат познати повеќе детали. Во силното невреме кое го зафати овој регион почина и едно ипол годишниот брат на девојчето.
Полицијата го обезбедува местото и допрва увид на самото место ќе се изврши од јавен обвинител, екипа на СВР Тетово и лекар по судска медицина.
Рина е шестата жртва во поплавите во тетовско
Исчезнато шестгодишно девојче
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски вели дека телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.