
Жена скокна од деветти кат на кулата во центарот на Велес. Падот од 30-тина метри височина бил фатален и таа починала веднаш.

Настанот кој ги вознемири жителите од објектот на улица Илинденска бр. 2 се случи денеска околу 10 часот. Го пријавил еден од соседите кој ја видел жената како паднала од горните катови. Со неа на земја паднало и ќебе, пишува порталот „Лисица“.
На лице место дојдошле екипи на крим-техника кои извршиле увид.
Според коментарите на соседите оваа жена била тивка и повлечена и немала несогласувања со нив.