
Две експлозии одекнаа денес во магацин за лесно запаливи материјали во Кина, при што загинаа 42 лица, а најмалку 400 лица се повредени.
Билансот на жртвите на експлозиите во магацин за лесно запаливи материјали во кинескиот пристанишен град Тјенцин се зголеми на најмалку 42 лица, а 400 се ранети, изјави извор од болницата во градот, јави ТАСС.
Потврдена е смртта на деветмина пожарникари.
Бројот на лицата кои пристигнуваат во болницата постојано се зголемува.
Тјенцин е главното пристаниште и индустриско подрачје југоисточно од Пекинг.