
Поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот во селото Добри Дол, зафат што ќе го врши ЈП Водовод и канализација – Скопје, жителите на селото в понеделник ќе останат без вода во 9 часот.
Водата повторно ќе биде пуштена по завршувањето на зафатот, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.