
Авион на една индонезиска компанија со 54 патници исчезна во регионот на Папуа Нова Гвинеја.
Шефот на индонезиската национална управа за потраги и спасување за Ројтерс потврдил дека контактот со авионот е изгубен.
На Твитер се наведува дека авионот кој летал на домашна линија, е на компанијата „Тригана“ и во него се наоѓале 44 возрасни патници, пет деца меѓу кои и бебиња и пет членови на екипажот.
