
Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала погоди неколку села во јужна и централна Гватемала, вклучувајќи го главниот град, соопшти националниот сеизмолошки институт Инсивумех.
Земјотресот не предизвикал штети, а засега нема информации за евентуални жртви.
Епицентарот бил на околу 80 километри јужно од Гватемала сити, а земјата се наоѓа во ризична област во која се спојуваат карипските и северноамериканските тектонски плочи.
Ерупција на вулкан во Гватемала
Вулканот Фуего во Гватемала денес почна да исфрла облак од црн чад, по што од непосредната близина биле евакуирани стотина граѓани, а бил затворен и меѓународниот аеродром во престолнината на Гватемала.
Како што јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс, по ерупцијата на вулканот кој се наоѓа на 40-тина километри од престолнината, биле откажани неколку летови, се додека работниците не ја исчистат пистата од пепелта.
Локалните власти наведуваат дека количеството пепел што е исфрлено од вулканот е умерено, но сепак побарале од граѓаните да користат маски или мокри крпи за да го спречат вдишувањето на штетните материи