
Општина Чешиново-Облешево ќе добие нова канализациска мрежа, асфалтирање на улици и хортикултрурно уредување на десет населени места. Овие три проекти се финансиски поддржани од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за реализација.
Градоначалникот на Чешиново-Облешево, Костадин Личков истакна дека во целост се задоволни од добиените проекти кои ќе значат и развој на општината и решавање на повеќедецениските проблеми за овдешните жители.
Во населеното место Чифлик ќе се гради канализациски систем за кој ќе бидат инвестирани 19 милиони и 386 илјади денари. Во населеното место Теранци за асфалтирање на улиците „Богатин Вучков“ и „Ќемал Бибалов“ во должина од 790 метри ќе се инвестираат 4 милиони и 735 илјади денари, додека за хортикултурно уредување на десет населени места во општината ќе бидат вложени 1 милион и 209 илјади денари, рече градоначалникот Личков.
Тој најави дека преку програмата на Источниот плански регион општината Чешиново-Облешево добила финансиски средства во износ од 7 милиони и 133 илјади денари за изработка на урбанистички планови за населените места Облешево, Чифлик и Чешиново.
Груевски во посета на Кочани, Виница и Берово

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во посета на општините Кочани, Виница и Берово.
Како што информираат од Владата на Република Македонија, премиерот во рамки на посетата ќе посети повеќе училишта, a ќе присуствува и на отворањето и поставувањето камен-темелник на повеќе проекти.
Во општина Кочани, Груевски ќе го посети реконструираното средно општинско училиште „Љупчо Сантов“.
Во општина Виница планирана е посета на компанијата „Макпрогрес-Винчини“, присуство на пуштање во употреба на двојно тениско игралиште, како и присуство на пуштање во употреба на пешачка патека околу Беровско Езеро;
Во општина Берово, Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба „Беровско Езеро“, а се планира и посета на реконструираното основно училиште ,,Никола Петров – Русински“, населено место Русиново, општина Берово.