

СДСМ не негираше за сопственоста на јахтата на Шекеринска и со тоа впрочем призна дека јахтата под име Ада е во сопственост на семејството на Шекеринска. Ваквиот момент е сериозен причина за одговорност, ако се земе во предвид дека потпретседателката на СДСМ никаде нема пријавено дека во своја сопственост поседува јахта, имот кој има многу сериозна вредност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е сериозно нарушување по основ на законите за антикорупција на Република Македонија, кои како за сите политичари, важат и за Радмила Шекеринска, но уште посериозно нарушување е заради тоа што нема потекло на парите со кои е стекната оваа јахта и целиот нејзин имот.
СДСМ за да го испере луксузот и срамот на Шекеринска, може колку сака да омаловажува, навредува, води гнасни кампањи, но целата македонска јавност го виде луксузот во кој ужива секојдневно Радмила Шекеринска.
Јавноста ги виде петте нејзини станови, ги виде кириите од десетици илјади евра кои си ги плаќа сама на себе, ја виде вилата во Маврово, ги виде луксузните џипови и брендирана облека, ја виде приватната вила во која е сместена во монденската Сивота на брегот на Јонското море, ја виде јахтата која плови под грчко знаме и очигледно е во нејзина сопственост. Ете тоа е Радмила Шекеринска и нејзиниот начин на живот.
Следниот пат кога Радмила Шекеринска ќе зборува за социјална правда, права на граѓаните, сиромаштијата, треба да се потсетиме дека целиот овој имот нејзе и е заработен само со политика и тоа во време кога 200 000 граѓани останаа без своите работни места, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Прочитајте повеќе: