
Грк со фалсификувани евра точел гориво во Гевгелија. При извршена проверка на возилото на граничен премин „Богородица“ било утврдено дека вин бројот на возилото е фалсификуван, а кај него биле пронајдени и фалсификувани евра.
Како што информираат од МВР, грчкиот државјанин ноќта меѓу понеделникот и вторникот во 02.00 часот на пристигнал на граничниот премин „Богородица“.
На излез од Република Македонија при извршена проверка на патничкото моторно возило „Цитроен Саксо“ со грчки национални ознаки, а управувано од грчкиот државјанин В.К.(42) било утврдено дека вин бројот на возилото е фалсификуван, додека кај истиот биле пронајдени и фалсификувани евра.

Шесте банкноти од по 50 евра биле со ист сериски број, а предходно со фалсификувани евра (банкнота од 50 евра) платил за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин.
Како што информираат од МВР, В.К. е приведен во полициската станица Гевгелија извршен е разговор и против него поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „фалсификување пари“.
Од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.