Машки леш во фаза на распаѓање вчера околу 06. 10 часот бил пронајден на ул.„16-та Македонска Бригада“ во кругот на фабриката „Железара“.

Како што информира МВР, увид на местото на настанот каде бил пронајден овој машки леш, извршила увидна екипа од СВР-Скопје и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицето како и целосно расчистување на случајот.