Вечерва очекувајте дожд

Вечерва очекувајте дожд. Според најавите од УХМР во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Во текот на денот сончево со температура до 35 степени

Инаку, во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје во текот на денешниот ден ќе преовладува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Дожд и грмежи и во текот на утрешниот ден

Дожд и грмежи и во текот на утрешниот ден
Дожд и грмежи и во текот на утрешниот ден

Очекувајте дожд и во текот на утрешниот ден. Според најавите од УХМР, и во текот на утрешниот ден се очекува појава на локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во попладневните часови од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен, а долж Повардарието и со засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температурура за 3 до 5 степени, велат од УХМР.

Викендот стабилно, но не многу топло време

Според најавите, за престојниот викенд ќе следува стабилно, но не многу топло време.

Викендов стабилно, но не многу топло време.
Викендов стабилно, но не многу топло време.