На територијата на Македонија денес се очекува да преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Како што соопштува УХМР, температурата во текот на денешниот ден ќе се искачи до 30-иот степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
И во Скопје сончево време со мала до умерена облачност

Во Скопје и околината во текот на денешниот ден ќе преовладува слично време. Се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со температура до 27 степени Целзиусови.
Следува стабилизација на времето

По изминатите денови кога Македонија беше зафатена од дождови и нестабилни временски услови, метеоролозите од денес најавуваат стабилизација на времето и благ пораст на температурите.