
Роналдо го купи станот на Кристијан Греј од „Педесет нијанси сива“. Занимливо, но новиот стан во Њујорк кој веќе е сопственост на славниот фудбалер послужил како инспирација за станот на Кристијан Греј од филмот „Педесет нијанси сива“.
Португалскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој во моментов е најплатениот фудбалер во светот, познат е по неговиот истенчен вкус. Тој ја сака модата и убавите жени и воопшто се што е убаво.

Покрај тоа што има своја линија на долна облека која редовно е проследена со занимливи фотографии од кои на припадничките на понежниот пол им застанува здивот и покрај тоа што на пријателот за свадба му подари остров во Грција, сега се одлучи и себе си да се „почести“ со стан во Њујорк.
Станот, според дел од медиумите е со најдобриот можен поглед врз Менхетен и Централ Парк, а за ова најново задоволство, Роналдо потроши само 18, 5 милиони долари.
Станот е на површина од 230 метри квадратни а располага со три спални соби и три тоалети. Исполнет е со луксузен мебел и детали, а се наоѓа во Трамп кулата.