Познат е идентитетот на детето кое вчера околу 13:30 часот е извадено од водите на Вардар во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.
Се работи за дете кое беше претходно пријавено за исчезнато од Центар за бездомници. По наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина, за обдукција, соопшти денеска МВР.
Се работи за дете кое беше претходно пријавено за исчезнато од Центар за бездомници
Како што информира Министерството, вчера околу 13:30 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“, било забележано безживотно тело во водите на реката Вардар. Увидна екипа од СВР-Скопје излегла на лице место, при што од Одделението на ППЗ-Скопје телото било извадено од реката.
Според констатацијата на доктор од екипата на итна медицинска помош смртта настанала како последица од давење во реката.