Две момчиња живи запалени во автомобил

Полицијата го утврди идентитетот на двете момчиња што беа живи запалени во автомобил. Нивните јагленисани тела српската полиција ги пронајде во саботата во автомобилот БМВ, кој слетал од Ибарска магистрала, а потоа се запалил.

На институтот за судска медицина било утврден идентитетот на настраданите. Станува збор за 25 –годишниот Милош Томиќ од Ресник и 30 – годишниот Александар Јовановиќ од Миљаковац.

Оваа информација пред два дена им била потврдена и на нивните семејства.

Како што изјавила бабата на настраданиот Милош за српски „Курир“, неговиот татко во понеделникот бил повикан да го идентификува телото.

Тој го препозна по тетоважата на ногата, изјавила бабата и истакнала дека не го познавала Александар Јовановиќ кој настрадал заедно со нејзиниот внук, но вели дека знаела дека тие двајцата се пријатели.

Како што рекла, Милош имал намера Александар да му биде кум, затоа што имал намера наскоро да се жени.

Според нејзината изјава, Милош во петокот попладнето отишол кај девојката. Како што вели автомобилот во кој двете момчиња биле живи запалени не припаѓа на ниту еден од нив.

Беа заедно кај девојката на Милош. Милош отиде со својот автомобил, а потоа некој друг го позајмил од него и го донесе и го паркира во дворот. Незнам чив бил автомобилот во кој настрадаа. Од девојката на Милош Јелена, дознав дека таа вечер не пиеле и дека Милош отишол да го однесе Александар дома, вели бабата и додава дека нејзиниот внук често возел трки.