
Таа некогаш беше убавица, а сега е непрепознатлива од големиот број пластични операции.
Ќе ви треба посебно изострен вид за на прв поглед да ја препознаете Лара Флин Бојл, која целосно се деформира по повеќето пластични операции и ботоксот. Таа а почетокот на годината ја запрепасти јавноста кога на премиерата на еден филм се појави со затегнато лице и огромни усни, а сега изгледа уште пострашно.
Лара Флин Бојл е најпозната по улогата во серијата „Твин Пикс“. Таа беше фотографирана додека излегуваше од една продавница во Вествуд. Под преголемите образи, напумпаните усни и трансформираното лице кое што е трансформирано по големиот број пластични операции едвај се наѕира и она малку што останало од нејзината убавина.

Без шминка, со собрана коса, во бела маица и бели пантолони, актерката успеа да го привлече вниманието на многумина.
И во минатото се шпекулираше дека Лара направила повеќе хируршки интервенции. Но, сега, нејзиното деформирано лице и последиците од операциите дојдоа многу до израз.