
Кинеската полиција уапсила 12 лица под сомнеж за вмешаност во неодамнешните експлозии во Тјанцен.
Уапсен и директорот на компанијата сопственик на магацинот
Според полициското соопштение, меѓу уапсените е директорот на компанијата која е сопственик на магацинот „Руи Хаи лоџистик“, Ју Сјуевеј, неговиот заменик Донг Шесјуан и уште тројца високи претставници на фирмата.

Засега не се соопштуваат детали од обиненијата против уапсените, а АФП известува дека Врховното обвинителство во врска со експлозиите против 11 лица покренало обвиненија за злоупотреба на овластувањата и немарност, пренесува Танјуг.
Повеќе од 500 лица сеуште се во болница
Во складот на комапнијата специјализирана за транспорт и складирање на експлозивни сретства и хемикалии пред две недели одекнаа неколку експлозии со јачина која се споредува со детонација на 21 тон тротил, по што изби огромен пожар.
Во неодамнешните експлозии во Тјанцен, кои што се случија на 12-ти август животот го загубија 139 лица, а 34 се водат како исчезнати, соопшти Министерството за јавна безбедност. Повеќе од 500 лица се уште се наоѓаат во болница.

Властите ветија сеопфатна истрага во Тјанцен и упатија пет истражни тимови. Сопствениците на компанијата уште минатата недела признаа дека користеле врски во Владата за да ги добијат потребните работни дозволи.
АФП потсетува дека вчера било соопштено дека првиот човек на кинеското тело за надзор на безбедноста во работата и заменик – градоначалникот на Тјанцен се сменети и осомничени во рамки на истрагата за корупција.