
Украина очекува дека Европската унија ќе ја продолжи важноста на санкциите против Русија поради случувањата во Крим и Донбас, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко по средбата денеска во Брисел со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, објави МИА.
Ние разговаравме за продолжување на санкциите против Русија и се договоривме дека ЕУ најбрзо што може ќе одреди нов пакет санкции против земјата. ЕУ е разочарана од продолжувањето на насилството во Украина, која е наша пријателска земја – рече Порошенко на заедничката прес-конференција по средбата.
Тој повторно ги повика сите страни во конфликтот целосно да ги исполнат договорите од Минск и апелираше до Русија, која според него не ги исполнува целосно своите обврски.
Шефот на ЕК го поздрави договорот за прекин на огнот во Донбас на 1 септември.
Порошенко денеска се сретна и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.