
Уште три деца на возраст од 6, 10 и 11 години како и 13 годишното момче што управувало со тракторот се пренесени во скопските клиники.
13-годишно дете загина во сообраќајна несреќа во велешкото село Бузалково, кај месноста Врбица. Повредени се уште четири деца. Едно од нив е пренесено на КАРИЛ во Скопје.
Несреќата се случи вчера попладне кога трактор полн со деца и управуван од малолетник, се превртел и излетал од патот.
Загинатото дете заедно со уште две деца било седнато на предниот дел од тракторот, а другите четири деца се возеле во приколката.
Телото на мртвото дете по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството.