Eвакуирани 10.000 лица во Германија поради бомба од Втората светска војна

Eвакуирани 10.000 лица Во Германија поради бомба од Втората светска војна
Eвакуирани 10.000 лица Во Германија поради бомба од Втората светска војна

Околу десет илјади жители на германскиот град Кобленц се евакуирани од нивните домови поради пронајдена бомба од времето на Втората светска војна, соопштија денеска градските власти, пишува МИА.

Бомбата тежи околу еден тон и е пронајдена при градежни работи во четвртокот. По завршувањето на евакуацијата деминерите ќе ја деактивираат бомбата.

Во Втората светска војна во Германија беа фрлени над два милиони бомби. Над 20 отсто од нив не експлодирале.