Ја гризнала свекрвата, па сопругот ја скршил од ќотек

Жителка од тетовското село Челопек пријавила во полиција дека вчера попладне врз неа било извршено семејно насилство, на кое му претходела претходела расправија со нејзината свекрва.

Во расправијата, како што информираат од полиција,  дошло и до меѓусебно туркање при што снаата ја гризнала свекрвата за рака.

Свекрвата тогаш му се јавила на синот. Кога тој дошол дома веднаш и се нафрлил на сопругата и со тупаници ја удрал по главата, а потоа ја влечел за коса,

Жената подоцна го пријавила случајот во полицијата.

Поради нанесените телесни повреди сопругата од полицијата побарала кривичен прогон за сопругот насилник.