
Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска околу 11.30 часот во близина на Смоквица, на магистралниот пат Демир Капија- Смоквица.
Две возила од марка „пежо“ и „опел“ се судрија на 150 метри пред автопатот.
Во сообраќајката , потешко се повредени двајца странски државјани.
Несреќата се случила претпладнево околу 11:30 часот кај селото Смоквица, на само 100-тина метри од автопатската делница пред Гевгелија.
Во директниот судир учествувале автомобил „пежо“ со босанска регистрација и „опел“ со српски регистарски ознаки. Од засега неутврдени причини едно од возилото преминало во спротивната коловна лента и директно удрило во автомобилот кој доаѓал од спротивниот правец.
Од силината на ударот, опелот излетал надвор од патот, а во несреќата се повредени двајца. Со тешки телесни повреди се зддобила жена од босанскиот автомобил и едно лице од опелот со српска регистрација.
На местото на несреќата увид правеше полицјата и јавен обвинител. Поради несреќата, сообраќајот беше пренасочен по автопатската делница која е во изградба