Трагедија: Маж и дете загинаа во сообраќајка кај Плетвар

Маж и дете загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на превојот  Плетвар близу ресторанот „Че“.

Жртви во сообраќајната несреќа се тригодишно девојче од Скопје и дваесет и тригодишен прилепчанец, а една жена е повредена.

Порталот „Курир“ повикувајќи се на официјални информации од Министерството за внатрешни работи, пишува дека во сообраќајната несреќа учествувале три возила, автомобил „шаран“ со скопски регистерски ознаки, комбе „пежо експерт“ со бугарски регистерски ознаки и камион „МАН“ со битолски регистерски ознаки.

Маж и дете загинаа во сообраќајка кај Плетвар
Маж и дете загинаа во сообраќајка кај Плетвар

Во страшната сообраќајна несреќа, маж и дете загинаа на лице место. Станува збор за тригодишно девојче кое било сопатничка во автомобилот „шаран“ и возачот на комбето, дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Прилеп.

Со телесни повреди се здобила 32-годишната О.Е. и две деца на возраст од една и седум години сите сопатници од истото возило.

На местото на несреќата бил направен увид од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа од полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.