Сончево и топло време не очекува до средината на оваа работна недела, односно до среда. Според најавите од УХМР, од четврток не очекува облачно време со локален краткотраен дожд и грмежи.
Денес сончево и топло со слаб ветер

Сончево и топло време, со слаб ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува денес во Македонија.
Според најавите, утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Сончево и топло време, со слаб ветер од југоисточен правец ќе преовладува и во Скопје. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Сончево и топло до среда, од четврток дожд

Во текот на идната недела ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време. Зголемена облачност ќе има во среда, кон крајот на денот, која во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе биде проследена со локален краткотраен дожд и појава на грмежи.