
Група голи Англичани вчера ги оставија без зборови жителите на селото Кожуар близу Уб во Србија.
Селаните останале вчудоневидени кога групата речиси голи мажи, кои покрај музиката трчале, играле и танцувале по нивните полиња.
– Беа соблечени, чорапите ги рафрлија насекаде, таму долу, и хаос направија! Прво бевме изненадени, не можевме да веруваме во она што ни се случи, голи луѓе да трчаат околу село. На крајот имавме добра смеа – вели Саша Гајиќ, еден од селаните.
Како што дознава “Блиц”, групата дошла во Србија за да сними видео, кое е подарок за еден нивен пријател кој набрзо се женел. По препорака ја избрале околината на УБ. А, каде има млади таму има шега, а таму каде што е шегата има повеќе ракија итн … Се што случи тоа се случи. Селаните не можеле да им веруваат на очите!