
Ѓоковиќ со синот во шопинг. Тенисерот објави фотографија на социјалните мрежи на која тој и малиот Стефан заедно пазаруваат.
Освен што има успешна кариера тенисерот Новак Ѓоковиќ одлично се снајде и во улогата на татко, а со фотографиите со синот Стефан постојано ги воодешува своите обожаватели на социјалните мрежи.

Најдобриот светски тенисер секој слободен момент го користи за да биде заедно со синот и со сопругата Јелена. Кога нема работни обврски тенисерот го започнува утрото со прошетка заедно со неговите најмили.
Неговата широка насмевка покажува дека Ноле навистина ужива во миговите поминати со семејството, а секако, тука најголема улога игра синот Стефан.
Новак заедно со семејството се прошета во Њујорк, а своето одушевување сакал да го сподели со обожавателите, па затоа на социјалните мрежи се пофали со нова фотографија.

Познато е дека Ноле има смисла за хумор, па така ги насмеа сите со една симпатична фотографија. Тој позираше заедно со Стефан во една продавница пред полицата за здрава храна, а коментарот под фотографијата насмеа многумина:
-Жал ми е малечок, неможеме се да пробаме. Освен ако сакаш да не ставиш во незгодна ситуација – му појаснува трпеливо таткото, а голем број обожаватели на Новак искоментираа дека ова е нивната најубава фотографија.