Сончево и топло време со мала облачност во планинските региони и со слаб ветер од југоисточен правец не очекува денес. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево и топло со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Сончево и топло до среда, од четврток зголемена облачност
Во текот на работнава недела продолжува периодот на топло и претежно стабилно и суво време.

Зголемена облачност се очекува да настапи во среда кон крајот на денот и преку ноќта, повеќе во северните делови од земјата, но во попладневните часови на крајниот запад ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Умерено облачно ќе се задржи и во четврток преку денот. Поголемо наоблачување повторно ќе настапи за време на викендот, а поголемо освежување на почетокот од следната работна недела.