
Во сојузна држава Нуево-Леон во североисточниот дел на Мексико, во близина на границата со САД е откриена масовна гробница со околу 31 илјада човечки жртви, соопшти обвинителството на државата, пренесува ТАСС.
Гробницата е пронајдена на територија на ранч во регионот Салинас-Викторија, по поројните дождови во Мексико. Се претпоставува дека останките се на жртви на наркокартелите.
Останките се нафрлани и измешани, така што е тешко да се утврди точниот број на луѓе, што се закопани во гробнивата, изјави претставник на невладината организација „Граѓани за човечки права“, пренесува весникот „Екселсиор“.
Експерти од обвинителството вршат истражувања и анализи за утврдување на идентитетот на жртвите.