
Дваесетгодишно момче е жртва во тешката сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотор која се случи вчера на патот Охрид – Свети Наум, кај Лагадин.
Како што информира МВР, вчера околу 15:00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки управувано од П.П. (30) од село Косел и моторцикл „Хонда“ со охридски регистерски ознаки управуван од Б.С.(17) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С. кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20:20 часот им подлегнал на повредите.
СВР-Охрид изврши увид, а сообраќајот вчера од 15:00 до 16:30 часот беше во прекин.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.