
Во пожар во станбена зграда во 18. париски арондисман животите ги изгубија осум лица, меѓу кои има и деца. Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев се наоѓа на лице место.
Пожарот е на улицата Миро бр.4 во 18-от арондисман. Според полициски извор, загинале осум лица, меѓу кои и деца. Ова не е конечниот биланс. На местото на пожарот се наоѓаат бројни спасувачки и противпожарни екипи.
Пожарот избувна околу 4 часот и 30 минути, според фотографиите објавени на Твитер, повеќе лица скокнале низ прозорците. Француското радио Еуроп1 зборува дека пожарот во станбената зграда може да има криминално потекло.