Селфи Чедоморка: Ја објавила фотографијата од мртвото бебе на Фејсбук

Мирјана Миклејиќ стана позната како Селфи чедоморка во Србија. Четириесет и шест годишната Миклејиќ е од селото Бусур, Србија, а таа е уапсена поради сомнение дека штотуку роденото бебе го закопала во бавчата.

Како што пишува српски „Блиц“, во полицијата во Пожаревац било дојавено дека нешто е закопано во дворот на куќата на оваа селфи чедоморка. Полицајците нашле купче земја, во кое било закопано бебето, а наоколу биле расфрлани тули.

Бременоста на Мирјана не е забележана никаде, ниту пак пријавила дека го родила детето во домот. Но, она што предизвикало посебно внимание кај мештаните и кај полицијата е тоа што таа фотографијата на мртвото бебе, целото облеано во крв, ја објавила на нејзиниот профил на Фејбук.

Селфи Чедоморка: Ја објавила фотографијата од мртвото бебе на Фејсбук
Селфи Чедоморка: Ја објавила фотографијата од мртвото бебе на Фејсбук

Обдукцијата на телото на бебето сеуште не е готова, а се очекува дека таа че покаже дали бебето било родено мртво или Миријана ќе биде обвинета за чедоморство.

Нејзините соселани велат дека таа воопшто не ја криела бременоста. Напротив се фотографирала и фотографиите ги објавувала на Фејсбук, а не се знае кој е татко на детето. За тоа не говорела.

Мирјана на Фејсбук исто така ја објавила фотографијата од мртвото бебе, но и од себе си како се смее.

Мирјана била два пати во брак. Од првиот брак има две возрасни черки, а од вториот брак има ќерка и син кои се во средно училиште.