Сончево и топло време

Сончево и топло време со слаб југоисточен ветерне очекува денес во Македонија. Во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе услови ќе има во западните планински предели.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во охридско-преспанскиот регион ќе има зголемување на облачноста, можен е и краткотраен дожд со ретки грмежи.

Во дојранскиот регион ќе има претежно сончево време со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

Продолжува период на доста топло време за овој период од годината. Позначителна промена на временската состојба барем засега се очекува во недела кога ќе има и поголем пад на температурата, зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд.