ВМРО – ДПМНЕ: Со истите лаги СДСМ се обидуваат да го охрабрат демотивираното членство

СДСМ се правеа наудрени и незналици, со цел да го лажат членството дека со креираните и монтирани материјали и со манипулации преку нив ќе дојдат на власт. Со истите лаги СДСМ очајно се обидуваат да го охрабрат демотивираното членство.

Ова меѓу другото се наведува во денешното писмено соопштение што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го упати како реакција на денешната прес конференција на Оливер Спасовски од СДСМ.

ВМРО – ДПМНЕ: Со истите лаги СДСМ се обидуваат да го охрабрат демотивираното членство
ВМРО – ДПМНЕ: Со истите лаги СДСМ се обидуваат да го охрабрат демотивираното членство

Во продолжение интегралниот текст од сооптението на ВМРО – ДПМНЕ:

СДСМ се во паника бидејќи креираните материјали, согласно важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски.

СДСМ тоа го знаеја, а го знаеше и целата стручна јавност, затоа што законот е многу јасен, но се правеа наудрени и незналици, со цел да го лажат членството дека со креираните и монтирани материјали и со манипулации преку нив ќе дојдат на власт.

Со истите лаги СДСМ очајно се обидуваат да го охрабрат демотивираното членство.

Во изјавата на Оливер Спасовски има отворени закани до судиите, со јасен обид да ги заплашат. Од тука се гледа дека ако во опозиција вакви закани испраќаат на судиите, какви ли ќе бидат малтретирањата врз судството кога оваа банда би била на власт.

Врз база на законските одлуки судот утврди дека овие креирани материјали се илегални што ќе значи обврска да се утврдат кои лица ги креирале и ги користеле со што ги прекршиле законите на Република Македонија.