Мистериозна змија во Гевгелија

Низ социјалните мрежи кружи фотографија од мистериозна змија во Гевгелија.

Зелената змија долга повеќе од три метри која била најдена на патот кон гевгелиската фабрика Зора покрена низа прашања и дилеми на социјалните мрежи.

Според дел од коментарите на социјалните мрежи станува збор за многу ретка неотровна змија со глава и врат на гуштер, која се храни само со глодари и инсекти.