
Мртов човек лежи на тротоарот на Водњанска во Скопје.
Се уште не е познат идентитетот, а ниту причините од што починало лицето, но можеби се работи за инфаркт, објави Вечер.
Безживотно тело го пронајде полицијата на тротоарот на улицата Водњанска, во центарот на Скопје во непосредна близина на ресторанот Галија.
Екипи на МВР се на лице место, а повеќе детали од истрагата се најавуваат за подоцна .