
Кара Делевињ во супержешко издание се појавува во најновата реклама за Ив сан Лоран. Таа неодамна објави дека нема повеќе да биде модел и дека многу повеќе ќе се сконцентрира на нејзината актерска кариера, но со оваа реклама она што таа го направи во светот на модата дефинитивно ќе остане забележано.
Дваесет и три годишната британска убавица позираше речиси гола за последната реклама за карминот Руж пур кутур на Ив сан Лоран.

На врвот на нејзината модна кариера, Кара учествуваше неделно во 53 настани на секоја Модна недела, поради што беше во депресија.

Поради напнатиот распоред таа доби псоријаза на кожата, поради што нејзината кожа мораше постојано да биде препокриена со шминка.
Луѓето ставаа нараквици и несакаа да ме допрат, бидејќи мислеа дека имам нешто слично на лепра. Тоа не беше добро време, како да се борев и да летав со месеци. Секогаш бев постојано на работ. Станува збор и за психолошки проблем, бидејќи ако го мразите вашето тело и тоа како изгледате, станува само полошо и полошо, изјави Кара за Тајмс.