
Tри пожари се активни на територијата на Република Македонија. Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во текот на денот локализирани се пет и згаснати седум пожари.
Во мометов три пожари се активни и тоа два во општина Македонски Брод, и еден кај на местото викано Леково, општина Прилеп.

Од ДЗС информираат дека во општина Македонски Брод пожар е активен во атарот на село Крапа. Во гаснење на пожарот се ангажирани двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ со три пожарникари, Шумска служба со девет лица, и шест лица од месното население.
Активен е и пожарот кај место викано Царовец во атарот на село Крапа и на лице место за гасење се ангажирани Шумските служби со пет лица. Поради обемот на пожарот противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат ангажирани за гасење на овој пожар, информираат од ДЗС.
На територијата на оваа општина изгаснат е пожарот во место викано Пела на село Слатина, место викано Слатински извори и пожарот помеѓу селата Вир и Локвица.

Во Општина Струга, во атарот на селото Ливада локализиран е пожар во кој гори стрниште. Пожарот избувнал околу пладне и е локализиран во попладневите часови.
Кај село Костурник и село Табановце во Кумановско исто така денес избувнал пожарот. Во пожарот горела сува трева, но тој е изгаснат околу 13 часот.
Пожар е забележан и кај село кај село Орашац кој е повторно активиран во 13.25 часот. Гасењето на пожарот е во тек и во негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и три пожарникари.
Во општина Велес кај селото Војница, месноста викан Пашин Мост локализиран е пожар кој избувнал околу 13 часот. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари и ЈП со четири лица.
Повторно е активен и пожар кај селото Буслици кој има зафатено долга површина и постои опасност за проширување. Во гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари, шумските служби со две лица и ЈП со три лица.
Изгаснат е пожар во селото Грнчари во Преспа, во село Елевци, Дебарско и кај село Бање. Пожар повторно се активирал во Росоман во реонот помеѓу селата Дебриште, Мрзен и Ореовец и Камен дол, при што опшжарена е површина од 20 хектари. Пожарот е локализиран во попладневните часови, и три лица од општина Росоман дежураат на терен. Активен е и пожар на местото викано Леково, општина Прилеп.