
Четири пожари во моментов се активни низ земјава. Авиони на Дирекцијата за заштита и спасување денеска повторно се активирани за гаснење на пожарот кај селото Крапа во Македонски Брод. Пожарот е се уште активен и добива пошироки размери.
Теренот, според ДЗС, е висок и непристапен, а нивните авиони и вчера беа ангажирани за гаснење на огнената стихија.
Активен е и пожарот над село Теово. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани десет вработени на „Македонски шуми“ и припадници од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот кај село Горно Јаболчиште е на недостапен терен и се уште е активен. Еден дел е локализиран. Гори деградирана шума. На лице место во гасење на пожарот ангажирани се вработени на „Македонски шуми“.
ДЗС информира дека денеска избувнал пожар кај село Јаболце, Скопско и оти во негово гасење се ангажирани вработени во „Македонски шуми“.
Пожарот кај село Порој е локализиран изурината. Во гасење на пожарот беа ангажирани протипожарните авиони на ДЗС, а беа и сеуште се ангажирани и вработени во Дирекцијата од Тетово, Град Скопје и Кисела Вода, ТППЕ Тетово и од општината.