
Можноста американското оружје кое е испратено на ирачките сили кои војуваат против ИСИС да заврши во нивните раце е нешто на кое што предупредуваа експертите за безбедност.
Но, судејќи според најновите информации, изгледа токму тоа се случило.
Новите видео-снимки ги покажуваат припадниците на терористичката група ИСИС со М16 пушки од американско произодство.
Како ова оружје завршило во рацете на ИСИС? Очигледно е дека станува збор за оружје од складиште кое ИСИС го зазел.
Премиерот на Ирак потврди дека владините сили загубиле повеќе складишта со американско оружје.