Јолевски со честитка за Денот на независноста на Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста – 8. Септември.

Пред 24 години граѓаните на Република Македонија рекоа да за суверена и независна Република Македонија. Да за живеењето во мир, демократија, слобода и еднаквост”, посочи министерот Јолевски во честитката. На денешен ден, додаде тој, граѓаните одлучија да ја земат судбината во свои раце и по повеќевековниот сон да започнат самостојно да ја градат Македонија во просперитетна и развиена европска држава.

Овој голем државен празник, е и празник на сите припадници на Армијата на Република Македонија кои секојдневно даваат дел од себе за Македонија да продолжи да живее независна и суверена. Затоа, 8. Септември е и нашиот пиедестал, нашата гордост.

Нека ни е честит и вековит овој голем празник, Денот на независноста на Република Македонија”, порачува во честитката министерот Јолевски.