Денешен: Саше Политико на дрога или нервно растроен

СДСМ се повеќе е брод што тоне, соочени со очајот од слабата поддршка и демотивираност на своето членство, посегнува по фингерајки и местенки со кој сакаат да го вратат мотивот за работа на своето членство. Главниот парадер за спроведување на ваквото сценарио е Саше Политико, човек кој се повеќе со своите постапки предизвикува загриженост за своето ментално здравје, пишува Денешен.мк.

Измислици, самосожалување, лаги во кои само тој си верува, е дел од еден ден на Политико. Денес тој дојде настан на кој беше и премиерот Никола Груевски. Политико кој самиот со писмена потврда пред суд тврди дека не е новинар, дојде на настан на кој не е акредитиран и на кој евидентно присуствуваа сите останати новинарски екипи, пишува порталот.

Денешен пишува дека реалноста, наспроти халуцинациите на Политико беше дека тој дојде со задача од неговите ментори на СДСМ да предизвика скандал кој што потоа ќе го искористи во дневно политички цели. Цел половина час седеше оддалечен на десетина метри од  службеното обезбедување кое воопшто не реагираше на постојаните дофрлања и навреди од Саше Политико во обид да предизвика реакција.

Наспроти реалноста, халуцинацијата на кловнот Политико кој ја одработуваше домашната задача зададена од СДСМ, изгледаше вака. Тој на неговиот медиум објави текст целиот полн со невистина, лаги и измислици, иако сите што беа присутни знаат дека тоа што тој го пишува воопшто не е така. Тој халуцинираше дека: Политико е наводно  уапсен од бодигардите на Груевски, стиснат и со ограничено движење. А ниту лисици на раце, ниту во непосредна близина бодигарди до Политико.

Ваквите потези на Политико на тотално измислици и лаги во кој тоа ги прикажува за апсолутни вистини, не само што говорат за тоталниот очај на СДСМ кој наоѓа на потсмев, туку отвора дилема, со самото тоа што лиферува тотални невистини во кој потоа  самиот очигледно сака да  верува ,  за психичкото здравје на Саше Ивановски кој ваквите ситуации би укажале на тоа или дека е на дрога, или се работи за нервно растројство, во што ние не сакаме да веруваме, но сепак и не сме демантирани со неговите потези и реакции, пишува Денешен.

Ваквиот метод на работа кој го практикува СДСМ е еквивалентно на тоа да се напише текст во кој ќе се измисли дека Политико убил човек, Зоран Заев е фатен во инркиминирачка и неморална ситуација, или пак дека раководството на СДСМ по предлогот на нивниот коалиционен партнер ЛДП за користење на масло од марихуана за медицински потреби, целосно се посветило на конзумирање на психотропни супстанци за што нема никакви докази ниту потврдени факти.