Силно невреме го зафати јужното албанско крајбрежје

Невреме, со обилен дожд и силен ветер,  доцна попладнево го зафати јужниот дел од албанското крајбрежје.

Како што јавуваат албанските медиуми најпогодени се градовите Саранда и Валона, каде има дури  превртени кранови кои служат за утовар и растовар на стока од бродовите на пристаништата во овие приморски градови.

Крановите при падот оштетиле и рибарски бротчиња, но за сламка се спасиле повеќе рибари.

Обилните дождови предизвикале вистински реки по улиците, посебно во Саранда, поплавени се повеќе куќи и дуќани.

Невреме имало и во други градови во јужниот дел на Албанија, што било проследено и со грмежи.

Вечерва очекувајте невреме. Од УХМР за текот на денешниот ден најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Вечерва очекувајте невреме – пороен дожд во источните делови од земјата

Се очекува врнежите да бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а до крајот на денот врнежите ќе се преместат кон источните делови и ќе има услови за пороен дожд со ретки грмежи.

Во текот на денешниот ден ќе дува умерем повремено засилен југосточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степени, УВ= 3.

Вечерва очекувајте невреме.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во: Претор или 62 литри на метар квадратен, Крушево, Маврови Анови, Битола, Пожаране, Гевгелија и Тополчани.

Според најавите, врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Од сабота период на сончево време

Од сабота период на сончево време

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.