
Прилепчанец украл обетки од уши на шестгодишно девојче. Кривична пријава е поднесена против 27 – годишниот А.А.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин.

Пријавениот во петокот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над шестгодишно девојче при што и одзел златни обетки.
Три дена подоцна, односно во понеделникот пријавениот искористувајќи ја приликата додека оштетената Д.Д. стоела на ул. „Тризла“, насилно и ги одзел обетките од ушите.