
Ни тргна со големиот број продолжени викенди годинава. По Денот на независноста на Македонија, кога одморивме од работните обврски, доаѓаат уште празници и вкупно уште два продолжени викенди до крајот на годината.

По повод 11-ти октомври (недела), кога се слави Денот на народното востание, неработен ќе биде 12-ти октомври (понеделник).
Уште еден продолжен викенд следи и на 23-ти октомври (петок) кога се слави Денот на Македонската Револуционерна Борба, а граѓаните ќе имаат можност заедно со викендот, три дена да одморат од работните активности.
Следен неработен ден е 8-ми декември (вторник), кога се слави празникот „Св. Климент Охридски“.