Бока Јуниорс славеше на Монументал и ја исфрли Ривер Плата од борбата за титулата

Лодеиро (десно) постигна погодок вреден победа против Ривер Плата

Бока го совлада својот најголем ривал на гости, на “Монументал” и ја исфрли Ривер Плата од борбата за титулата. Погодокот за победа беше дело на Николас Лодеиро, кој во 19-та минута од натпреварот по една мешаница пред противничкиот гол ја “заби” топката во мрежата на домашните. Уругвајскиот репрезентативец влезе во игра по само половина минута од почетниот свиреж на судијата, откако фудбалерот на гостите, Фернандо Гаго доживеа повреда.

Со овој пораз, актуелниот шампион на Јужна Америка, Ривер Плата ги загуби и онака минималните шанси за титула, бидејќи има дури 11 бода негатива во однос на Бока Јуниорс.