
Црвен крст на Рeпублика Македонија во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и други партнери и поддржувачи активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Црвениот крст на терен е вклучен 24 часа со 9 мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и прамедикуси и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат првата помош. Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 41, а во целата операција се вклучени и 30 вработени од Црвен крст.
Во период од 07-13 септември дистрибуирани се: 14.563 шишиња (1,5 л) вода за пиење, 1060 пакети со прехрамбени продукти, 343 пакети со хигиенски средства, 116 пакети за бебиња, 929 ќебиња и на 5457 лица им беше укажана прва помош а траспортирани во болница се 9 лица.