
Ѓорческа минатата недела успеа да слави на ИТФ турнирот во Врњачка Бања, што е главна причина за прогресот од дури 22 позиции. Таа сега е на 326-то место на ВТА листата.
За титулата во Врњачка Бања, таа освои 12 ВТА поени, а тоа беше нејзин втор трофеј оваа година и вкупно четврти во кариерата во поединечна конкуренција.
Од денеска, Ѓорческа ќе учествува на многу посилниот ИТФ турнир во Подгорица каде не е рангирана меѓу носителките. Турнирот се игра на земјена подлога, а е со награден фонд од 25 илјади долари.