
Познатиот пејач Аца Лукас заврши во болница, каде што ќе остане некое време.
Фолкерот е задржан на болничко лекување поради дискус хернија. Тој веќе подолго време има проблеми со рбетот, па ова беше неминовно.
Процесот на закрепнувањето ќе трае три недели, а уште не е познато кога ќе ја напушти болницата.
Поради ова Аца Лукас ги одложи сите деловни обврски, а помеѓу останатото во следните недели нема да присуствува како жири во „Ѕвездите на Гранд“.